ВМРО-ДМПНЕ: Ова е вистинската слика на СДСМ, уништуваат зеленило и ја загрозуваат животната средина, а потоа лажат

Соопштение од ВМРО-ДМПНЕ– реакција на изјавата на Петре Шилегов

„Петре Шилегов по примерот на Зоран Заев свесно лаже и ги  манипулира скопјани. Градоначалниците на СДСМ сечат дрва низ цело Скопје, а Шилегов игра на картата на кратка меморија на  граѓаните кога вели дека не сечеле  дрва.

Доколку сепак Шилегов има дупка во меморијата, па не се сеќава што правеа Златко Марин и Стефан Богоев пред неколку месеци, ние ќе го потсетиме со фото и видео материјал како се сечеа дрва за да се градат згради,  токму од него и неговите градоначалници.

Богоев сечеше дрва кај Веро во Карпош, а Марин сечеше дрва низ цел Аеродром.

Ова е вистинската слика на СДСМ.  Уништуваат зеленило и ја загрозуваат животната средина, а потоа лажат.

Лагите и манипулациите нема да им помогнат на СДСМ. Скопјани одамна ги прочитаа. За уништувањето на зеленилото, загрозувањето на животната  средина и неработата во изминативе две години следува казна на 12 април, кога СДСМ ќе изгуби во Скопје.“

Треба да знаете
Последни објави