По две филмски адапатации, блокбастерот на Френк Милер – Sin City (Град на гревот) – ќе биде адпатиран и како ТВ серија, пренесуваат медиумите.
Порталот Deadline тврди дека Legendary Television и Френк Милер постигнале договор за адаптација на култниот стрип во ТВ серија.
Legendary Television склучи договор со Френк Милер да ја адаптира својата франшиза Град на гневот во телевизиска серија. А Роберт Родригез наводно е во преговори да се придружи на проектот и да се врати во франшизата.
„Преговорите со Роберт Родригез, кој сака да го ангажира истото режисерското дуо на стилскиот и незаборавен филм од 2005 година, се во завршна фаза,“ тврди порталот.
Се очекува Милер и Родригез да бидат извршни продуценти, а не е познато дали двајцата ќе се вратат на режисерките столчиња.
Филмските и телевизиски права на „Градот на гревот“ порано и припаѓаа на компанијата Вајнстин, која разви сопствена ТВ-адаптација на овој стрип. Но, откако компанијата банкротираше Милер повторно ги стекна правата во 2018 година, што доведе до нов договор со Legendary Television.