Камчев нудел 2 милиони евра гаранција за да добие пасош

Бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во предметот „Империја“ до судот доставил банкарска гаранција во имот вредна над 2 милиони евра, откако претходно обвинителката Лиле Стефанова одби да му даде нов времен пасош, објави ТВ 24, повикувајќи се на извори од истрагата.

Барањето било поднесено во петокот, а сега судот треба да одлучи дали Камчев ќе добие нов привремен пасош со рок на важност од 12 месеци, за да присуствува на службени патувања кои се однапред закажани.

Претходно специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева му овозможи на Камчев да добие привремена патна исправа со важност од 6 месеци.

Треба да знаете
Последни објави