Македонските репрезентативци во фудбал до 21 година на гостувањето на Фарски Острови ќе немаат идеални услови за игра бидејќи теренот е замрзнат, така што не одработија дел од програмата за тренинг.
Младите утре од 18 часот во Торшавн ќе гостуваат кај врсниците од Фарски Острови и ќе се борат за трета победа во квалификациите за Европското првенство.
Селекторот Благоја Милевски очекува поразличен меч од тој во Скопје кога победивме со 7:1, но најавува победа, а за лошите услови и мразот на стадионот била известена и УЕФА.