Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД се подготвени да воведат санкции за ирачките службеници кои ја крадат државата и оние кои се одговорни за смртта на демонстранти.
-Нема да застанеме се додека ирачките власти прават нивниот народот да страда, изјави Помпео пред новинарите во Стејт департментот.
Тој додаде дека САД ќе користат правни овластувања за санкционирање на корумпираните лица и оние кои повредуваат и убиваат мирни демонстранти.