Професор по меѓународни односи од Мајами, Флорида и коавтор на книга за организиран криминал е уапсен под федерални обвиненија за перење пари од корупција во Венецуела.
Брус Бегли (73) е обвинет за заговор за перење перење пари стекнати со криминал и се соочува со казна до 20 години затвор.
Неговиот адвокат изјави дека е убеден дека Бегли ќе биде ослободен.
Бегли е коавтор на книгата „Трговија со дрога, организиран криминал и насилство во Америка денес”, објавена во 2015 година, и претходно сведочеше пред американскиот Конгрес како судски експерт и беше интервјуиран од бројни медиуми.
Шефот на канцеларијата на ФБИ во Њујорк, Вилијам Свини, изјави дека Бегли заработувал пари со помагање на други да перат пари.
„Единствената лекција што може да се научи денес од професорот Бегли е дека вмешаноста во корупција, мито и проневера води до обвинение”, рече тој.
Обвинителот Џефри Берман сведочеше дека Бегли отворил банкарски сметки со намера перење пари од корумпирани странци.
„Парите, што Бегли наводно ги перел се заработени со подмитување и корупција, украдени од граѓаните на Венецуела, рече Берман.
Во обвинението се тврди дека Бегли од ноември 2017 година до април 2008 година се согласил да прими околу 14 исплати од сметки во Швајцарија и ОАЕ, за вкупна вредност од околу 3 милиони американски долари.
Како што е наведено, професорот најголем дел од парите ги префрлал на сметки на други лица за да прикрие извор на парите. За себе задржал провизија од 10 отсто.