Мила Царовска и Борче Георгиевски ги манипулираат граѓаните на Гази Баба. СДСМ вети 5 нови градинки. Три години како се на власт, само една градинка е отпочната, а четири не се ниту на повидок. СДСМ вети многу, а не реализира ништо. Градинката во Стајковци која ја ветија, а само фрлија камен темелник, цела година не е мрдната од мртва точка.
Царовска и Георгиевски ветија изградба на нови градинки во Трубарево, Инџиково, Сингелиќ и Ќерамидница, три години СДСМ е централна власт, а две години локална, овие градинки не се ниту отпочнати. СДСМ имаше три години да го реализира ветеното, тие не направија ништо. Затоа на 12 април си заминуваат.