Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев не го смета неговиот тим за фаворит на Европското првенство 2020 година.
– Репрезентации како Англија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Холандија се подобри од нас. Тие веќе искусија преоден период помеѓу генерациите. Не сметам дека сме фаворити за триумф на Европското првенство, изјави Лев.
Тој им оддаде признание на своите избраници за избореното учество на ЕУРО 2020.
– Моравме да направиме многу промени, бидејќи повеќе од десет луѓе беа повредени. И покрај ова, ние сепак квалификувавме, нагласи предводникот на „панцирите”.
Германија на едно коло пред крајот во Ц-групата е прва на табелата со 18 бода, пред Холандија која има 16. Следуваат Северна Ирска со 13, Белорусија со 4 и Естонија со 1 бод.