Македонија против Израел во Скопје треба да урне непријатна традиција за да се надева на најдобар пласман

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) во Скопје на арената „Тодор Проески“ го игра последниот квалификациски натпревар за ЕП-2020 од групата Г со соодветната селекција на Израел. Теоретската шанса која ни се укажа во текот на квалификациите да се избориме за историски успех со освојување на второто место и пласманот на завршницата од јубилејното ЕП-2020 кое ќе се игра во 13 градови ширум „стариот континет“ брзо згасна, па сега во игра е теоријата да завршиме на третата позиција во групата што би бил најдобар пласман досега. Во игра  е и крај со четвртото место каде се наоѓаат сега „црвено-жолтите“, како и најлошото сценарио да бидат претпоследни во групата, петтопласирани што би било разочарувачки, според прикажаните партии.

Македонија е на делба на четвртото место со Израел, а третопалсираната Словенија има три бода повеќе и вечерва гостува кај првопласиранта Полска. Словенија треба да загуби, а Македонија да го совлада незгодниот Израел против кого има лоша традиција кога станува збор за досегашните дуели со оваа селекција пред своите навивачи. Со ваков расплет Македонија има подобр меѓусебен скор од „дежаелата“ и ќе стаса до утешната награда, трета позиција во групата.

-Сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Потфрливме во оваа неатрактивна, но тешка група, само пртив Австрија во Скопје, додека на сите други мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси, порача најискусниот и капитен Горан Пандев, која се враќа на располагање за составот на тимот откако го прескокна дуелот во Виена.

Макеоднија го нема победено Израел на досегашните домашни пресметки. На сите три средби со оваа селекција во Скопје, е поразена. Во 2002 година во пријателски меч загуби со 2:3, а во 2007 во квалификациски меч за ЕП 2008 и во 2016 година на последнит квалификациски меч во групата загубивме со по 1:2.

За разлика од дуелот со Австрија во Виена, македонскиот селектор Игро Ангеловски – Мрме ќе има покуса листа со кандидати на кои нема да може да смета за овој дуел. Во конкуренција за составот на тимот се враќаат покрај Пандев кој го преседе мечот од здравствени причини на клупата за резерви, и казнетите поради жолти картони: Висар Муслиу, Илија Несторовски, Бобан Николов. Поради повреда не беше во конкуренција Аријан Адеми, а нему му се приклучуваат Александар Тарјковски, Марио Младеновски и Стефан Спировски.

Оваа пресметка селекторот Ангеловски и неговите избраници ќе ја искористат за што подбра подготовка на тимот, кој ќе има уште една шанса да стигне до историски настап на завршница,  преку нокаут-фазата од Лигата на нации, каде во март ќе финишираат со по еден меч во полуфиналето и финалето. Најпрво со Косово, а потоа ако мината со подобриот од дуелот Грузија и Белорусија.
– Посакуваме подршака од полни трибини. Фудбалерите ќе возвратат на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме нашите навивачи, изјави Ангеловски.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави