Квалификацискиот фудбалски натпревар за ЕП-2021 од групата 6, меѓу Фарски Острови и Македонија за играчи до 21 година кој требаше да се одигра денеска од 18 часот во Торшавн е одложен за јуни идната година. Причина за поместување на натпреварот се лошите временски услови. Теренот на стадионот во Торшавн е смрзнат и нема услови за играње натпревар.
Македонската селекција пристигна на Фарските Острови, но временските прилики не дозволуваа ниту да ги реализира предвидените тренинзи пред натпреварот. Овие две репрезентации во 1. коло од групата играа во Скопје, каде македонските надежи забележаа убедлив триумф од 7:1.
По одиграни четири натпревари во групата, Македонија е на делба на втората позиција со 7 бода, колку што имаат Израел и Казахстан. Лидер е Шпанија со максимален скор четири победи од четири меча.