Украинските барања упатени кон Русија во врска со прашањето на гасот Кремљ ги смета за апсурдни и неприфатливи, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.
„Немам што да додадам на објаснувањата што ги даде претседателот Путин во Бразил. Во моментот нема ништо ново. Ако се сеќавате, тој рече дека постои опасност од влез во новата година без соодветна и објасни зошто е ова лошо“, рече Песков.
Постоечките договори меѓу Русија и Украина за транзит и испорака на гас истекуваат кон крајот на декември.
На последните трилатерални консултации со претставниците на Европската комисија (ЕК) во октомври, руската страна изнесе став за потребата од пакет-решенија за транзитното прашање заедно со судските спорови и испораките на гас во Украина, но во таа насока не е остварен напредок.