Се грижиме за зеленилото, улица Максим Горки го доби својот препознатлив изглед, засадени нови 18 јапонски цреши

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со грижата за зеленилото.

Улица Максим Горки повторно го доби својот препознатлив изглед. Како што беше ветено, Град Скопје засади нови 18 јапонски цреши на местото на препознатливиот дрворед.

Откако беше констатирано заболување на старите стебла, и по неусшениот обид истите да се спасат, нужна потреба беше истите да се отстранат. Градоначалникот Петре Шилегов им вети на граѓаните дека отстранетото зеленило ќе се замени со ново, што и се случи во најкус можен рок, и притоа новите дрвја се набавени со помош на донација на ЕБОР, односно не се одвоени средства од Буџетот на Град Скопје.

Се грижиме за зеленилото во градот, и постојано се трудиме да го зголемиме бројот на садници и зелени површини и сакаме еколошката свест да биде подигната на повисоко ниво со што граѓаните на Скопје ќе имаат почист воздух и поквалитетен живот.

Треба да знаете
Последни објави