ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудеа да го спречат зголемувањето на минималната плата, само се потпишуваа на собраниските седници, каде се предлагаше законот за минимална плата, земаа дневници и си заминуваа, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Ресен.
Цели 11 години зборуваа дека зголемувањето на минималната плата е невозможно, а ја изградија најголемата зграда што и припаѓа на некоја партија во Европа-белиот дворец. Ние рековме, ќе водиме сметка во сите сектори, пари за граѓаните мора да обезбедиме, и успеваме. СДСМ ја покачи минималната плата на историски 14.500 денари односно за 5.500 денари. Социјалната помош ја зголемивме за 300%, значи тројно, додаде Шекеринска.
Отворивме над 50.000 работни места што значат над 50 илјади плати повеќе и повеќе што влегуваат во фондовите, истакна Шекеринска, додавајќи дека ако растат платите мора да растат и пензиите.
Го стабилизиравме фондот. Секој пензионер од почетокот на идната година ќе има пензија повисока за 700 денари месечно, а со усголасување со порастот на платите таа ќе се зголеми до 900 денари, што годишно е над 10 илјади денари потенцираше потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Ресен.