Победникот на последнито издание на „Новогодишната турнеја четири скокалници“, Риоју Кобајаши беше дел од натпреварувањето во германскиот Вилинген, во рамките од Светскиот куп. Денеска беше вториот натпреварувачки ден, кој воедно е и генерална проба пред Олимписките игри кои од 4 февруари започнуваат во Пекинг.
Мариус Линдвик од Норвешка победи со вкупен збир од 243,8 поени, пред Карл Гајгер од Германија со 238,7 поени и Цене Превц од Словенија.
Кобајаши заврши на четвртото место и тоа само поради лошиот настап во првата серија кога заврши на 12 место. Во втората серија, Јапонецот скокна неверојатни 152 метри, со тоа што ја прескокна К точката, која ја означува најдолгата точка на скокалницата.