Пред две и пол години се соочивме со сериозни проблеми во овоштарството, но не избегавме туку решивме директно да влеземе во нивно решавање, а придобивките од тие решенија ги гледаме денес, порача членот на ЦО Трајан Димковски на трибината „На прав пат” во Ресен.
Сите мерки и политики ги правевме во дијалог со сите засегнати страни и за правпат воведовме и некои интервентни мерки од кои неколку за првпат беа применти овде во Ресен и даваат резултати. Уште во првата година субвенциите за предадено килограм јаболко ги зголемивме од 2 на 3 денари. Воведовме и дополнителена субвенција за индустриско јаболко кое е откупено за извоз, истакна Димковски.
Со сите политики што ги правиме ги правиме за да ја зајакнеме конкурентноста на земјоделското производство Конкретно,тоа минатата година овозможи раст на извозот на јаболка од 50.000 тони. Парите за субвенции за јаболка ја зголемивме од 33.000 денари на 50.000 денари по хектар засадени насади. Се се тоа мерки со кои парите завршуваат назад кај земјоделците, пососчи Димковски.