Македонскиот селектор Игор Ангеловски не го криеше задоволството од триумфот против Израел во последниот квалификациски натпревар и освоеното трето место во групата за пласман на ЕП 2020.
-Пред квалификациите кажав дека Полска и Австрија се главни фаворити. Трети сме во групата што е историски пласман, но не сме задоволни затоа што знаеме дека можевме повеќе. Требаше да добиеме против Израел на гости, против Словенија на гости, и да не загубиме од Полска дома. Сакаме пласман на Европското првенство преку Лигата на нации и се надевам дека ќе успееме тоа да го реализираме. Се надевам дека ќе не избегнат само повреди пред тој меч во март со Косово и мислам дека имаме реални шанси да играме во финалето на Лигата на нации, истакна Ангеловски на прес-конференцијата по победата над Израел.