Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд (20) е уапсен под сомнение дека претепал и силувал девојка, објавија англиските медиуми. ж
Да потсетиме, неговата девојка Хариет Робсон сподели слики од нејзиното крварење со натпис: „Ова го направи за мене Мејсон Гринвуд“. Таа објави и фотографии од други повреди и звучна снимка од расправија на која и се заканува машки глас.
-Полицијата претходно денеска дозна за фотографии и видеа на социјалните мрежи каде жена пријавува физички напад. Покрената е истрага против маж на возраст од дваесетина години и можеме да потврдиме дека тој е уапсен поради сомнение за силување и физички напад. се вели во соопштението наполицијата.
Иако неговото име никаде не се споменува, сите информации се совпаѓаат и јасно е дека станува збор за англиски фудбалер. „Дејли мејл“ објави и снимки на полицијата пред домот на фудбалерот.
Man Utd and England Striker Mason Greenwood has been accused of physical assault and sexual violence by his girlfriend, Harriet Robson. Video: pic.twitter.com/1F3ffKTXiU
— Lists NG (@ListsNG) January 30, 2022
Во исто време, Манчестер Јунајтед на својата веб-страница објави дека Мејсон Гринвуд нема да тренира или игра до дополнително известување откако ќе бидат објавени обвиненијата против него.
„Мејсон Гринвуд нема да тренира или игра натпревари до понатамошно известување“, се вели во соопштението на Јунајтед.
Гринвуд оваа сезона за Јунајтед постигна шест гола и запиша две асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања.
Mason Greenwood forcing his ex girlfriend to have sex with him recorded… this is genuinely sickening to hear pic.twitter.com/t5hkvfv4HJ
— ً (@erlingtxt) January 30, 2022