Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во централниот дел на Аргентина.
Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.
Нема информации за евентуални настрадани и причинета материјална штета.