Трипл-дабл за историја на Леброн во триумфот над Оклахома

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја совладаа Оклахома со 112:107, најмногу по заслуга на Ентони Дејвис кој постигна 34 поени и Леброн Џејмс кој имаше троен ефект – 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Со овој трипл-дабл Џејмс постигна историски резултат-стана првиот НБА играч кој постигнал троен ефект против сите клубови во лигата.

За Лејкерс ова беше 12 победа сезонава по која се зацврстија на првото место во Западната конференција.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта меѓу вторник и среда:

Мемфис – Голден стејт 95:114
Њу Орлеанс – Портланд 115:104
Сакраменто – Феникс 120:116
ЛА лејкерс – Оклахома сити 112:107.

Треба да знаете
Последни објави