Ноќеска дваесеттина минути по полноќ на Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје”, во придружба на полициски службеници од Италија, како депотрирано лице пристигнал Е.Д.(26) од Скопје.
Бидејќи лицето се наоѓа на листата со мерка „апси”, по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги поради сторено кривично дело „тешка кражба”, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.