ВМРО-Народна партија бара Државната изборна комисија да ги исклучи од претстојниот изборен процес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради кршење на изборниот законик, односно, како што наведуваат, поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок.
„ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори“, нагласуваат од политичката партија чијшто претседател е експремиерот Љубчо Георгиевски.