Во земјава во изминатите 24 часа, односно до 7 часот изутрина, мерено во литри на квадратен метар, најмногу дожд наврна во Крушево 30, 27 Пожаране и Битола, 26 Лазарополе, 25 Претор, 20 Тетово, 19 Прилеп, 17 Маврово, 15 Охрид, 14 Тополчани и Куманово, 13 Скопје – Петровец и Дебар, 12 Ѓуриште, 10 Скопје – Зајчев Рид, 7 Гевгелија, 3 Дојран, 2 Штип и Демир Капија.
До крајот на денот времето во Републиката ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе се преместуваат кон исток. Во југоисточните делови врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и локално ќе наврнат над 35 л/м2 воден талог. Во западните делови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престанат и облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со локален дожд, претежно во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Утринската температура во државата ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16, а во Скопје утринската до пет степени, а дневната ќе достигне до 15 степени.