Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ- реакција на прес конференцијата на Зоран Заев и Нина Ангеловска
„Зоран Заев и Нина Ангеловска повторно со квази проекти ги лажат граѓаните. Заев и Ангеловска мора да одговорат каде се потрошени околу 700 милиони евра, пари за кои е зголемен јавниот долг откако Заев е на власт.
За околу 700 милиони евра е зголемен јавниот долг, а не гледаме ниту километар од ветените 600 километри НОВ автопат, 550 километри НОВИ магистрални патишта или 1100 километри НОВИ локални патишта.
Транспарентност е кога Заев ќе каже каде се потрошени тие 700 милиони евра, а притоа ништо не е направено. Заев расипнички ги троши парите на граѓаните. Овие три години колку што Заев е на власт Македонија само стагнира и губи.“