Судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски се тројцата судии кои вчера попладнето ја пуштија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, во домашен притвор, откако таа 94 дена помина во затворски притво за случајот „Рекет“., пишува Слободен печат.
Еден од тројцата судии ја добил смс пораката од обвинителката Вилма Русковска во која напишала дека ќе има финансиска истрага против судиите кои вчера донеле одлука Катица Јанева од затворот „Скопје“ да замине во домашен притвор во станот на нејзиниот син.
Засега за јавноста не е познато што точно напишала Рускоска во телефонската порака. Но, токму таа порака била протолкувана како закана и атак врз судството и поради неа денеска во скопска Апелација се одржува колегиум, по што јавноста од страна на судот ќе биде известена што одлучиле да преземат и дали за случајот ја алармирале и полицијата.