Ромањоли се надева дека што поскоро работите за Милан ќе тргнат на добро

Дефанзивецот на фудбалски калчолигаш Милан, Алесио Ромањоли зборуваше за подготовките за мечот од 13. коло во италијанскиот шампионат против Наполи.
-Се надеваме дека ќе ја „свртиме” ситуацијата што е можно поскоро. Поминуваме тежок период. Мечот е подеднакво важен и за Наполи, кој не победи пет натпревари по ред. Ние сме подготвени за натпреварот и се надеваме дека ќе ги оставиме сите сили што ги имаме на теренот, изјави Ромањоли.
Натпреварот ќе се игра на 23 ноември во Милано и со поечток во 20 часот.
Милан со 13 бода го зазема 14. место на табелата во Серија А, Наполи е седми со 19 бода. 

Треба да знаете
Последни објави