Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ ја заврши третата фаза од терапијата со која се лекува од леукемија. Оваа фаза тареше шест недели и од старна на лекарите се проценува како решавачка во борбата со леукемијата. Актуелниот тренер на италјанскиот калчолигаш Болоња, Михајловиќ во друштво на својата сопруга Аријана го напуштил хематолошкото одделение на болницата “Sant’Orsola”.
Михајловиќ со три подигнати прсти ги поздрави сите поддржувачи во најтешката битка во животот.
-Одиме дома. Нема подобро чувство – напиша Аријана Михајловиќ, која е во брак со Синиша и на свет му има донесено пет деца, три сина и две ќерки.