Жителите на Маџир Маало не даваат Општина Центар да им гради хотели

Жителите Маџир маало во општина Центар тврдат дека на приватни парцели општината планира да се изградат неколку хотели до кејот на Вардар. Гневни се бидејќи ќе се загуби автентичниот изглед на едно од најстарите маало во Скопје.

-На површина од 7 хектари вие изведувате до мостот и наваму пет хотели. Од другата страна не знам уште колку. Не смеете да правите Лас Вегас. Треба да ги удоволите потребите на граѓаните на Маџир маало, рече еден од жителите на Маџир маало.

Дел од жителите се заканија и со кривични пријави до општината и до проектантите на предлог-ДУП-от.

Општинските власти на жителите им објаснија дека ДУП-от е проектиран согласно Генералниот урбанистички план. Побараа од нив да поднесат анкетни листови каде ќе наведат не сакаат да се на овие парцели да се градат хотели.

 

Треба да знаете
Последни објави