Ракометарите преку Романија треба да стигнат до Чешка во бараж за СП 2023

Чешка ќе биде противникот на Македонија во априлскиот бараж за Светското првенство 2023 во ракомет, доколку претходно во март ја елиминираме Романија во првата рунда баражи.

Првиот меч ќе се игра во Македонија на 16-ти или 17-ти март, а реваншот е три дена подоцна во Романија. Со Чесите, првата средба би била на гости.

Останатите двојки за првата рунда баражи се: Украина – Финска, Италија – Словенија, Португалија – Швајцарија, Австрија – Естонија, Грција – БиХ, Израел – Литванија, Словачка – Белгија, Фарски острови – Белорусија.

Словенија – Србија и Црна Гора – БиХ се два од поинтересните потенцијални парови за втората рунда од плејофот.

Полска, Шведска, Данска, Франција, Шпанија и Норвешка се шесте европските селекции кои веќе обезбедија место на СП 2023.

Треба да знаете
Последни објави