Голем ден за австралискиот тенис, Кирјос и Кокинакис го освоија АО во двојки

Откако Ешли Барти стана првата Австралијка после 44 години која го освоила тенискиот грен-слем во Мелбурн, денешниот ден за австралискиот тенис уште повеќе го збогати финалето во машки двојки, каде за титулата се бореа два австралиски дубла.

Победија Ник Кирјос и Танаси Кокинакис, кои со 7-5, 6-4, ги совладаа сонародниците Ебден и Парсел.

Мечот се одигра во атмосфера која не личи на тениска, се навиваше како на фудбалски меч, а кога Кирјос е на терен, шоуто е загарантирано. Фановите беа против него, имаше многу дофрлања, а еден човек беше исфрлен од трибините.

Интересно е што Австралијците со грчко потекло, во двојки го имаат освоено и јуниорскиот Австралијан опен, во 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави