Во првите десет месеци од оваа година, 745 палестински малолетни лица биле уапсени од израелските сили.
Палестинското здружение на затвореници, по повод Светскиот ден на децата, објави извештај во кој се вели дека во моментот има повеќе од 200 малолетници во израелските затвори.
До октомври годинава, 745 деца под 18-годишна возраст биле уапсени од израелските сили. Во извештајот се потенцира дека на тие деца не им била обезбедена едукација, не им била дозволена посета и немаат соодветни лекови.
Администрацијата во Тел Авив донела серија нацрт-закони кои вклучуваат тешки казни за палестинските деца. Во извештајот се потсетува дека од 2015 година имало и некои значајни настани, како што е пукањето на израелските сили врз палестинските малолетни лица, но и употребата на сила.
Здружението ги повика меѓународните организации, вклучително и УНИЦЕФ, да „направат повеќе напори за заштита на палестинските деца”.