Мицкоски пред Борисов на бугарски јазик: Да, го поддржувам Договорот за добрососедство
Мицкоски пред бугарскиот премиер изјави дека сите што се делегацијата на ВМРО ДПМНЕ или се школувале во земјите од ЕУ или во Америка или пак се женети за Американка и нема дилема дека се прозападно ориентирани. Тој на средбата беше придружуван од Тимчо Муцунски, Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.
Важно е да знаеме, да се слушне јасно, дали вие го поддржувате договорот за добрососедство со Бугарија. Не се знае кој ќе победи утре на изборите – ВМРО-ДПМНЕ или социјалдемократите, вели потоа Борисов.
– Се што може да биде позитивно и за двете страни , и за Македонија и за Бугарија, тука исто така не треба да има дилема, рече Мицкоски на бугарски јазик.
До овој момент, лидерот на опозициската партија тврдеше дека Договорот за добрососедство е штетен и дека тој не го поддржува и доколку дојде на власт, ќе работи на негово изменување.
Мицкоски пред едена недела во интервју за ДВ одговори и дека не може да ја прифати декларацијата на бугарскиот парламент дека македонскиот јазик е практично дијалект на бугарскиот јазик и дека не постои, кога е кодифициран и признат од 1977 година и се изучува во повеќе од 100 универзитети во светот.
–Ако е тоа услов – ќе работиме да го промениме. Ако е услов дека Гоце Делчев бил Бугарин не можам да го прифатам, и мислам дека за најголемиот дел од македонското општество тоа е неприфатливо. Ако е услов да се откажеме од Македоците што се наоѓаат кај нашиот источен сосед, тогаш да ги предадеме сите оние што се бореа сите овие години, како што ги предадовме оние коишто се бореа во Грција од кои се откажавме со Преспанскиот договор. На црвени линии со црвени линиии се одговара. Не може ние на црвена линија да одговориме со бела линија. Како? Ќе прифатиме да мумламе во химната кога ќе дојде делот за Гоце Делчев?! Ќе прифатиме дека јазикот кој што го говориме вие и јас не е македонски? Знаете ли зошто секогаш ние губиме? Кога нема национално единство. Кога ќе имаме национално единство и цврст став, без разлика дали е тоа ВМРО, СДСМ ДУИ, Алијанса, кога сите ние ќе излеземе со униформна декларација – тоа е крај и тука нема назад – изјави Мицкоски.