Норвешка со 34:33 по продолжение успеа да го совлада упорниот Исланд за да си го обезбеди петтото место на Европското првенство во Унгарија и Словачка и така да обезбеди директен пласман на следното Светско првенство.
Норвешка имаше предност од четири гола (16:12) на полувремето, но Исланѓаните успеаја да се вратат и да ја направат завршницата особено интересна. Натпреварот отиде во продолженија при резултат 27:27 кога Норвешка имаше напад, но ја загуби топката, а Елвар Јонсон упати удар до празниот гол, но не беше прецизен. Во продолжението, пак, беше израмнето 33:33 кога Харалд Реинкинд од далечина упати удар, кој заврши во исландската мрежа и кој беше признаен по прегледувањето на снимките.
Следниот ракометен мундијал се одржува во Полска и Шведска, кои се квалификувани како домаќини, а директен пласман има и полуфиналистот и актуелен шампион Данска, така што Норвежаните со петтото место изборија место меѓу елитата, а на Исланѓаните им преостанува да се борат преку квалификациите.
???? EXTRA-TIME!@HSI_Iceland ???????? 27:27 @NORhandball ???????? at the end of full-time#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/7wCYbSpMm0
— EHF EURO (@EHFEURO) January 28, 2022