Американскиот претседател Дoналд Трамп синоќа пред да замине во Остин, сојузна држава Тексас, одговори на исказите и обвинувањата изречени во текот распитот на амбасадорот на САД во ЕУ, Гордон Сондленд.
Во изјавата тој се дистанцираше од Сондленд, бизнисмен кој има донирано еден милион долари во кампањата на Трамп на изборите во 2016 година.
-Овој човек не го познавам добро. Изгледа како фин човек, рече Трамп, држејќи тефтер со забелешки напишани со црн фломастер, фатени од камерите.
Трамп потврди и дека поддршката на Сондленд за неговата претседателска кампања „дошла предоцна”.