Кина побара од американскиот претседател Доналд Трамп да стави вето на законот со кој се поддржуваат човековите права во Хонг Конг, а кој Сенатот на САД вчера го одобри.
Кинеските власти повторија дека ќе преземат силни контрамерки доколку се усвои законот. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, рекол дека хонгконгшкиот Закон за човекови права и демократија ги поткопува и интересите на Кина и интересите на САД во таа полуавтоматска територија.
Законот предвидувал САД секоја година да го потврдуваат високиот степен на автономија на Хонг Конг, со што би се оправдал посебниот трговски статус на таа територија, како и санкциите на кинеските и хонгконгшки функционери, ако ја сузбиваат слободата на оваа територија.
Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе го потпише законот.