Странските амбасади имаат информации кои бизнисмени се рекетирани, рече Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.
– Десетици големи бизнисмени се рекетирани, не сите имаат пријавено во редовното Обвинителство, бидејќи не веруваат во него, но сите имаат пријавено во странските амбасади. Странските амбасади, точно знаат кој, на кого, колку пари на рака му има дадено- рече Илија Димовски.