Oсвоил милиони на лото и купил клуб кој им го подарил на навивачите

Колин Вејр, кој освоил 161 милион фунти во 2011 година, станал мнозински сопственик на шкотскиот второлигаш Партик тистл ФК.

Вејр, страстен навивач на шкотскиот клуб, купил 55% од акциите на клубот и решил да ги подари на навивачите. Така „Тистл“ станал клуб во сопственост на навивачите.

Навивачите основале посебно здружение „Тистл фор евер“, кое ќе го координира преземањето на клубот. Привременото управување на клубот ќе се состои од комбинација на бизнисмени и претставници на навивачите.

Вејр инвестирал 2,5 милиони фунти во клубот веднаш по добивката, а за новиот центар за обука издвоил уште 6 милиони фунти.

Најголем успех на клубот е освојувањето на Купот на Шкотска во 1921 година. Во овој момент клубот е последен во втората лига во Шкотска.

Треба да знаете
Последни објави