Управниот одбор на одбојкарскиот сојуз на Црна Гора на денешната седница реши да го ангажира Миленкоски, кој во минатото беше тренер на повеќе екипи во Македонија и Турција, а работеше и во Тунис, како и во Црна Гора.
Миленкоски работеше во тимот на Будванска ривијера од 2007 до 2008 година и притоа го освои второто место во првенството и Купот на Црна Гора, како и третата позиција на Ф4-турнирот на ЦЕВ во Рим во 2008 година, додека со грчки Финикас го освои Суперкупот кај нашиот јужен сосед.
Новиот селектор на Црна Гора работеше и во Македонија, каде што освои 28 трофеи од кои 15 беа во првенството со Работнички, додека останатите 13 му се од Купот, каде што 12 пати славеше со Работнички, а еднаш со Борец.