Стотина струмичани протестираа денеска пред Владата против отворањето на рудникот Иловица-Штука. „Стоп за рудници“, „Здравјето пред профитот“ се дел од пораките кои ги испратија струмичани на протестот пред Владата. Тие велат дека, иако и е одземена концесијата на компанијата, таа сега се жали на таквата одлука.
Концесионерот поднел тужба на одлуката водена во управна постапка, па сега предметот е пред Управниот суд. Тврдат дека со ова не и е одземена концесијата на фирмата.
Еден од организаторите на протестот, Стојан Велков изјави дека бараат што е можно побрзо, односно веднаш, пред формирање на техничка влада, да се одземе концесијата и најави дека ќе продолжуваат со одржувањето на протестите.
Тој нагласи дека концесионерот поднел тужба на одлуката водена во управна постапка, па сега предметот е пред Управниот суд.
Друг организатор на протестот, Костадин Ристоманов рече дека тие ќе се смират тогаш кога одлуката на Владата за одземање на концесијата за рудникот ќе биде објавена во Службен весник.
– Оправдувањето или објаснувањето дека се чека одлуката на Управниот суд во однос на поднесената жалба на концесионерот не држи, затоа што Владата е надлежна за давање и одземање на концесијата, изјави Ристоманов.