Унгарскиот гимнастичар Силвестер Чолани (51), освојувач на златен медал во дициплината карики на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година почина откако минатиот месец беше хоспитализиран поради коронавирус.
Покрај златото од Сиднеј, Чолани го освои и олимпиското сребро четири години претходно во Атланта.
Чолани исто така освои злато на Светското првенство во Дебрецен во 2002 година, а има освоено пет сребрени медали на Светските првенства.
Тој се пензионираше во 2004 година и стана тренер за гимнастика за деца.