Заев од Гостивар: Идентитетот го обезбедивме, ги исполнувме аспирациите на нашите претци

Направивме чекори за пример и цел свет зборува за тоа. Конечно го фиксиравме, го зацврстивме идентитетот, никој веќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат” во Гостивар.

-Во Обединетите нации нема веќе ФИРОМ, сега е впишана личната карта на нашата држава, таму, во ООН е запишано, македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди, додаде претседателот Заев.

Според него, успеавме да оствариме стратешка, национална, државна и децениска цел, челнство во НАТО, а тоа значи траен мир, стабилност, сигурна иднина, инвестиции.

-Овие политики немаат алтернатива. Затоа бараме поддршка и вечерва во Гостивар бараме поддршка за концептот на прав пат. Франција го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, остана уште само Шпаније и ете не, конечно во НАТО.  Изборите во Шпанија завршија, објавена е владејачка коалиција, на 3 декември ќе се конституира Собранието, кон средината на декември Владата и очекуваме веќе на почеток на следната година, од јануари да бидеме полноправна членка на НАТО, рече Заев.

НАТО значи мир, никогаш повеќе војна и конфликти, со НАТО ја обезбедивме целовитоста на државата, посочи Заев додвајќи дека исторската грешка на ЕУ ќе биде наскоро поправена затоа што таа не е одржлива, затоа што сторивме се што беше потребно и затоа што заслуживме.

Треба да знаете
Последни објави