Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска соопшти дека сега е сосема јасно дека словенечкиот државен апарат бил „впрегнат” за недозволено да влијае врз исходот од арбитражата за хрватско-словенечката граница.
Таа кажа дека спорот можел да се реши само билатерално, реагирајќи на извештаите на словенечката комисија, од која произлегува дека словенечката држава ја прикривала илегалната комуникација на арбитражниот агент со арбитражниот судија.
Од извештајот на словенечката парламентарна Комисија за надзор на работата на разузнавачката служба (КНОВС), што беше објавен пред десетина дена, произлегува дека словенечката држава преку разузнавачките служби сето време учествувала во прикривање на комуникацијата на словенечкиот арбитражен агент Симона Дреник и арбитерот Јернеј Секолец, како и дека словенечката разузнавачка служба СОВА почнала да се подготвува за арбитражата уште на почетокот на 2009 година, а арбитражниот договор беше потпишан есента.
Хрватска смета дека комисискиот извештај недвосмилесно потврдува дека словенечката страна била таа која со намера да изврши арбитражна измама го впрегнала државниот апарат и своите тајни служби.
„Словенија конечно ги призна скандалозните постапки, кои доведоа до пропаѓање на арбитражата. Сега е сосема јасно дека словенечкиот државен апарат бил впрегнат за недозволиво да влијае врз исходот од неа. Арбитражата одамна е мртва, а спорот може да се реши само билатерално”, напиша на Твитер хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, пренесе Индекс,