Мурињо по победата над Вест Хем објасни зашто не отиде кај навивачите на Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо им се извини на навивачите, откако по денешната победа над Вест Хем (3:2) во Премеиер лигата не отиде со своите играчи кон трибината со навивачите на „спарс”.

  • Не сакав да им пристапам на навивачите, затоа што мислев дека заслугата за победата не е моја, туку на играчите. Се извинувам ако со овој мој потег навивачите се чувствуваат повредени. Останав настрана, но ценам дека неколку илјади навивачи кои беа на трибините и ни даваа поддршка имаат разбирање. Сега тие се толку среќни колку што сме, изјави Мурињо.

Португалецот со Тотенхем забележа победа во своето деби на тренерската функција во овој клуб.

Треба да знаете
Последни објави