Екипата на Реал Мадрид ја оправда улогата на фаворит и славеше над Реал Сосиедад со 3-1 во последниот меч од денешната програма во Примера.
Домашниот тим тргна лошо и тоа благодарение на капитенот Рамос кој им подари гол на гостите од Баскија, односно на Вилијам Жозе кој ја искористи грешката на стоперот и ја затресе мрежата на Куртоа во 2 минута. Ама без разлика на ваквата негатива, „кралевите“ добро знаеја што сакаа и одговорија во продолжението, па така прво Бензема во 37 израмни на 1-1, резултат со кој се замина на пауза.
На почетокот на вториот дел Валверде стрелаше за пресврт, додека трите бода ги потврди Модриќ во 74 минута. Од оваа средба исто вреди да се спомене дека Герет Бејл беше жестоко исвиркан од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ кога влезе во игра во 67 минута, а потоа и при секој допир со топката, а причината за тоа е банерот со кој тој заедно со сонародниците го славеше пласманот на Велс на ЕП.
#LaLiga 🏆 | #RealMadridRealSociedad ⚽
🗣️ Los pitos del Bernabéu a Bale
😳
— Diario SPORT (@sport) November 23, 2019