Како што дознава СПОРТМЕДИА, ВАР во Македонија ќе го има своето деби на 26 март, на бараж дуелот со Косово за пласман на ЕВРО 2020. Тоа е одлука на техничката комисија на УЕФА, а тоа е уште еден доказ дека овој меч меѓу Македонија и Косово може да се игра само на Арената „Тодор Проески“ во Скопје и на никој друг во Македонија.
Значи на 26 март за првпат во нашата земја ќе се користи ВАР ситемот. Познато е дека досега на овие простори се користеше во Хрватска и Србија, само поради тоа дека нивни екипи играат во Лигата на Шампионите, а и двете земји имаат намера да го воведат во нивните првенства.