Не очекувам одложување на изборите, и очекувам убедлива победа на изборите. Власта е во колективна паника и е фрагментирана на десетици струи и тивки жаришта на конфликти кои во периодот што следи ќе се засилуваат. Убеден сум дека граѓаните ќе одберат обнова,a тоа ќе значи промени кон подобро и многу работа, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкос во интервју за КУРИР.
Тој истакна дека на средбата со Бојко Борисов разговарале за актуелните теми во Македонија, во Бугарија, а акцентот бил ставен на иднината, но исто така и на теми кои се дел од минатото на двете држави.
„За дел од темите имавме исти позиции но за дел различни. Помалку непријатно беше што се снимаше почетокот на средбата каде вообичаено има неформален разговор помеѓу соговорниците кои се познаваат и жалам што нашиот политички противник СДСМ, целосно извртувајќи ја вистината, преку креирање на лажни вести се обиде да ги злоупотреби граѓаните. Никаде на средбата не го споменав договорот, тоа не може да се извлече како цитат затоа што не го кажав, но еве гледаме дека може да се прават лажни вести под владината палка и да се редат зборови во уста кои јас никогаш не сум ги кажал. Инаку да, порано сум истакнал, му го кажав тоа и на г-динот Борисов, а еве ќе го повторам и сега дека имам намера да подржам се што е добро за двете земји, тоа подразбира дека без никакви дилеми подржувам економска соработка, да јакнеме трговски, да градиме соработка со соседите, културно, спортски, научно да соработуваме, доколку проценам дека Македонскиот народ и граѓаните на Македонија имаат интерес од тоа. Но воедно тоа значи и спротивното, дека никогаш нема да прифатам работи кои се на штета на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, непринципиелни барање, ултиматуми или компромиси со невистината за други цели. Јас дилема немам ниту за нашиот-македонецот Гоце Делчев и неговата борба за создавање на Македонска држава, ниту за посебноста на македонски јазик. Не сум човек кој прави компромиси со вистината, а најмалку на штета на Македонија.
И точно можеби сум нов во високата политика и со помала километража кога станува збор за билатералните средби, и можни се протоколарни слабости од кои учиме, но ве уверувам кога станува збор за суштината точно знам што говорам, за што се борам и какви интереси штитам и ќе продолжам да го правам тоа“, кажа Мицкоски.
Во врска со вчерашната изјава на Стево Пендаровски кој истакна дека доколку не е претседател на Македонија би си заминал од земјава, Мицкоски кажа: „Претседателот Пендаровски одбран од партијата која е 3 години на власт сакал да ја напушти државата зошто тука не се живеело.
Би му кажал таквото негово поразително чувство да му го каже на неговиот шеф Заев бидејќи тој три години ја води државата во амбис.
Има ли поголемо признание дека не и оди на власта, односно дека прави пустош со државата, и тоа директно од човекот коj го направија претседател со рекорд од по 3 секунди гласање во минута.
А јас кога би бил Пендаровски прво би заминал од местото претседател после вакво едно признание затоа што не прави ништо да ја смени реалноста од позицијата која ја има.
Дополнително, какво е тоа лицемерие дома, пред своите граѓани, и премиерот и претаедателот да велат дека дошол живот, а надвор, веднаш чиж ја поминат границата да велат тука нечини, треба да се заминува. Ние знаеме дека нечини, но тие се кои прават да нечини.
Значи оние кои треба да го донесат лекот ни велат најпаметно е да се иселиме, јас велам најпаметно е да ги вратиме иселените и задржиме оние кои се тука преку менување на работите и создавање на обнова која ни треба, а оние кои не доведоа до тука, прво нека одговараат за тоа што се огрешиле, а потоа нивна е желбата кај сакаат да одат.
Очигледно Пендаровски и Заев си ги поделиле задачите, и сега Стево има задача да ги собира гласовите и поддршката која Заев ја нема или ја губи, и така, слично како и во судството да си ја префрлаат одговорноста додека и двајцата се истрата страна на паричката“.
Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.