Младата климатска активистка од Шведска, Грета Тунберг, ќе биде гостинка-водител на британскиот сервис „Би-би-си“ за време на божикните празници.
Традиционално, за време на празникот „Би-би-си“ ангажира познати личности да ја водат радиската програма, а младата Швеѓанка ќе биде една од овогодишните пет водители.
Таа ќе разговара со водечки светски борци и активисти против климатските промени, како и за ситуацијата на Антарктикот и Замбија, а ќе бидат емитувани бројни извештаи од целиот свет.
Тунберг ќе води и интервју со гувернерот на англиската банка, Марк Корниј, се додава во соопштението на британскиот јавен сервис.