Исплатата на високи бонуси во СЈО е новата тема која ја бранува македонската политичка сцена. Се бара враќање на парите во државната каса, конфискација на имот, одговорност … на сите кои земале пари надвор од законските правила. Во јавноста излезе податокот дека поранешната шефица на СЈО, сега обвинета во случајот „Рекет“ Катица Јанева инкасирала 157.000 евра за да молчи што слушнала во „бомбите“. И другите обвинители по овој основ добивале бонуси, иако самото СЈО предвидело, доколку вработените ја прекршат тајноста на „бомбите“ им се заканува кривична одговорност. За СЈО се било според законот околу исплатата на бонусите.
Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов бара конфискација на нелегално стекнатиот имот, но и политичка и морална одоговност. Според него не семее обвинител да имаат приходи од 5 до 6 илјади евра месечно, а премиер или претседател до 1.200 евра.
-Повеќе од јасно е дека сите тие што примиле пари, а знаеле дека работат надвор од општите правила и стандарди и дека за тоа треба да понесет и законска, и политичка и друг тип на одговорност. Не е можно нити Катица Јанева ниту било кој од тие јавни обвинители и понатаму да продолжат да бидат јавни обвинители затоа што делумно навлегле во корупција и круминал, без разика дали таа ја покривале со некакви интерни правилници и одредби од Законот, сметам дека тоа е апсолутно неприфатливо и треба да понест одговорност“, изјави Павле Трајанов, претседател на Деморкатски сојуз.
За враќање на бонусите и понесување одговорност на обвинтелите од СЈО, е и невладината Цивил.
-Скандалозно е да имате такви бонуси па не знам каква работа да вршите во општеството. Скандалозно е да имате бонуси кои произлегуаат од буџетот на една земја во која има и луѓе што гладуваат, изјави Џабир Дерал од, Цивил.