Дебитантот во елитното еврпско клупско ракометно натпреварување Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига, битолски Еурофарм Работник немаше многу среќа да жнее добри разултати иако на паркетот не беше во подредена улога, со многу поискусните ривали, останува без својот тренер Стевче Алушоски. Раковдството на Еурофарм одлучило спогодбено ја прекинала соработката со досегашниот стратег откако на заедничкиот состанок е констатирано дека во интерес на клуботи е да се повлече ваков потег.
Со тренерската „шок“ терапија битолчани се надеваат на подобри разултати во продолженеито од настапите во ЛШ и СЕХА лигата. Битолчани по седум кола во регионалната СЕХА лига имаат три победи и четири порази, додека во Лигата на шампионите на девет средби остварија само две победи наспроти седум порази.