За седум години Груевски им дал 26 милиони евра на телевизиите

Повеќе од 26 милиони евра дала поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ на националните телевизии во периодот од 2010 до 2017, покажуваат податоците што БИРН ги извади од базата „Отворени финансии“, пренесува Призма.

Доминантен дел од тие 26,6 милиони евра, преку деведесет отсто, владата ги дала директно од својот буџет, од ставката „други трансфери“, а министерствата и владините секретаријати придонеле со само неколку ситни проценти.

Исто така, огромен дел, дури 95 проценти од грандиозната сума завршила на контата на само три национални телевизии – Сител, Канал 5 и Алфа ТВ.

Телевизија Сител е апсолутен рекордер, со тоа што ѝ биле исплатени 10,2 милиони евра во тој седумгодишен период

Треба да знаете
Последни објави