Интер пак има пет бода предност пред Милан на врвот од Калчото откако вечерва во последните мигови стигна до победа над Венеција.
Гостите имаа огромни проблеми, поради ковид-19 беше неизвесен натпреварот, но и покрај тоа што имаа голем број на отсутни играчи, храбро одиграа на „Џузепе Меаца“ и поведоа со голот на Анри во 19. минута.
Избраниците на Инзаги се вратија во игра во финишот на првиот дел, Барела се најде на право место и една одбиена топка ја смести во мрежата за 1-1 во 40. минута.
Во вториот дел, Интер продолжи да притиска, гостите одлично се бранеа но потклекнаа во 90. минута, Џеко скокна највиско по една нафрлена топка и со глава го матираше Лецерини за 2-1 и огромно славје.